Комунистичката партија има намера да ги повика Русите на масовен бојкот на американските стоки. Како што изјави за „Известија“ Вадим Соловјов, началник на правната служба на ЦК на КПРФ, тоа се планира како одговор на санкциите од страна на САД.
Според зборовите на Соловјов, наскоро КПРФ ќе спроведе граѓанско-патриотска кампања и ќе ги замоли Русите да се откажат од американските производи.
Соловјов изјави дека пред почетокот на антиамериканската кампања, самите пратеници „ќе покажат пример пред граѓаните“ и постепено ќе најдат замена на стоките од САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче