Агенцијата „Асошиејтед прес“ го прекина преносот на „директната линија“ со Путин кога се постави прашањето за САД

Американската информативна агенција „Асошиејтед прес“ го прекина преносот на „директната линија“ со Владимир Путин веднаш откако руската политичарка Ирина Хакамада постави прашање на претседателот за САД, пренесува „Лента.ру“.

Преносот беше прекинат во моментот кога Хакамада започна да му зборува на претседателот за сумата која САД ја извојуваат за украинските избори.

Хакамада конкретно ја интересираше дали Русија може да понуди варијанта која би овозможила компромис меѓу САД и Русија во врска со ситуацијата во Украина.

„САД дава на Украина милијарда долари за одржување на изборите на 25 мај. Руската страна инсистира најпрво да се одржи референдум за регионализација, или да се одржи уставен совет поради составување на нов устав на земјата, па дури тогаш да се одржат избори. Уверена сум дека војна ќе го заплисне целиот постсоветски простор, доколку обете страни продолжуваат да инсистираат на своите ставови“, истакна таа.

Владимир Путин одговори со изјава дека Русија е заинтересирана за развој на односите со САД и дека ќе направи сѐ што е во нејзина сила за да се врати довербата меѓу двете земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.