Западни медиуми: иднината на Украина е поважна за Русија, отколку за Западот

Иднината на Украина е поважна за Русија отколку за САД или Европа, се кажува во статијата на The Washington Post.

Иднината на Украина е поважна за Русија отколку за САД или Европа, се кажува во статијата на The Washington Post. Според мислењето на авторот на статијата, за тоа сведочи „ограничената“ реакција на западните држави за случувањата во Украина. Како што смета авторот, и Вашингтон, и Брисел се вмешаа во кризата, давајќи му на Киев неостварливи ветувања.

Освен тоа, во материјалот се забележува дека стратегијата на претседателот на САД, Барак Обама, се состои во „казнување“ на Русија за дејствата во Украина на долгорочна перспектива. Ако тие мерки не успеат, Вашингтон ќе донесе мерки кои треба да ја ослабат Русија во следните неколку години, смета авторот на статијата. Според неговите зборови, станува збор за санкции против Москва во областа на извозот на оружје и во областа на енергетиката, стационирање на војските на НАТО во Естонија, Летонија и Литванија, како и намалување на зависноста на Европа од рускиот гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња