Русија не планира изградба на нуклеарни централи на Крим, изјави Дмитриј Козак, а пренесува РИА „Новости“.
„Немам планови за изградба на енергетски капацитети на Крим, посебно за изградба на нуклеарни централи“, изјави тој.
Во моментов Министерството за енергетика на Русија го разгледува прашањето за снабдување на Крим со електрична енергија и гас. Изградбата на енергетски капацитети може да го чини рускиот буџет од 90 до 100 милијарди рубљи (околу 2 милијарди евра), додека изградбата на гасоводот - од 5 до 6 милијарди рубљи (околу 120 милиони евра). Финалното решение ќе биде донесено во мај годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче