Рускиот претседател, Владимир Путин, разговараше по телефон со германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Украина, пренесува „Гласот на Русија“.
Разговорот беше одржан на иницијатива на германската страна, соопшти прес-службата на Кремљ.
Лидерите на двете земји ставиле акцент на значењето на состанокот меѓу Русија, ЕУ, САД и Украина, планиран за 17 април. „Изразена е надеж дека состанокот во Женева ќе прати јасен сигнал, со кој мирно би се разрешила ситуацијата“, изјавено е од прес-службата.
Путин, исто така, го нагласи значењето на стабилизацијата на украинското стопанство и обезбедување на испораките на руски природен гас во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче