Пратениците на Врховниот совет на Приднестровје ќе испратат барање до претседателот на Русија, Владимир Путин, во кое ќе бараат признавање на независноста на републиката, пишува весникот „Комерсант“.
Како што појасни весникот, пратениците се повикуваат на правото на народите, утврдено во ООН, за самоопределување после одржаниот референдум во регионот во 2006 година. Тогаш повеќе од 97% од жителите на непризнатата република се изјаснале за независност и приклучување кон Русија.
Во средината на март претседателот на Врховниот совет на Приднестровје, Михаил Бурла, испрати на спикерот на Државната Дума, Сергеј Наришкин, барање да се разгледа можноста за влегување на регионот во составот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче