Приходите од Олимпијадата во Сочи ги надминуваат расходите во висина од 16 милиони евра, изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Козак, пренесува „Интерфакс“.
„Ова е неверојатен резултат, посебно бидејќи во последниве неколку децении олимписките игри не даваа позитивни резултати“, забележа тој.
Според неговите зборови, распределба на средствата од Олимпијадата не е извршена. „Во моментов работиме на одлучување како да се потрошат средствата“, додаде Козак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.