Во ситуацијата во Украина претседателот на Русија, Владимир Путин дејствува, додека претседателот на САД, Барак Обама агонизира, пишува The Wall Street Journal. „Знаеме дека Обама се кандидираше за претседател на за да учествува во политиката на големите држави, но, сепак, тоа е една од неговите обврски“, се кажува во статијата.
Весникот поставува прашање дали Обама, како и порано, е заинтересиран да си ја врши својата работа, и додава дека Киев во меѓувреме разбра дека ќе треба самиот да се потруди да ја подобри ситуацијата во државата.
Од своја страна, Chicago Tribune пишува дека Западот треба да се активира повеќе околу ситуацијата во Украина. Според весникот, Вашингтон треба да споделува повеќе податоци со Киев, но и да се воведат нови санкции против Русија, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче