Западни медиуми: Путин може да ги повтори историските грешки на Наполеон

Претседателот на Русија, Владимир Путин, може да ги повтори историските грешки на Наполеон и другите познати лица во својата политика околу Украина, пишува Foreign Policy.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, може да ги повтори историските грешки на Наполеон и другите познати лица во својата политика околу Украина, пишува Foreign Policy. Според мислењето на весникот, рускиот лидер го смета приклучување на Крим за голем успех и смета дека ситуацијата е под контрола. Таквата увереност може да доведе до грешки, се кажува во статијата.

Како пример FP ја наведува мисијата на Наполеон во Русија во 1812 година, како и дејствата на премиерот на Јапонија, Хидеки Тоѕе во почетокот на Втората светска војна, аргентинските генерали во 1982 година за време на конфликтот на Фолкландските острови, советската влада во 1979 и инвазијата на Авганистан, како и дејствата на САД во Ирак во 2003 година.

Весникот, исто така, смета дека практично во сите укажани историски примери опкружувањето околу лидерот или не било во состојба, или не сакало да му ја каже вистината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња