Пентагон издаде соопштение, според кое рускиот бомбардер Су-24 во саботата неколку пати пролетал недалеку од разурнувачот на американската воена морнарица „Доналд Кук“ во Црното море, имитирајќи напад, соопштува Ројтерс.
Според зборовите на Стивен Ворен, претставник на Пентагон, рускиот бомбардер дванаесет пати ниско прелетал недалеку од американскиот разурнувач. Ворен маневрите ги опишал како недопустливо застрашувачки и деморализирачки за бродскиот екипаж.
Тој истакна дека за време на инцидентот бродот патролирал во западните води на Црното море. Според неговите зборови, сега бродот е на безбедно место, во романското пристаниште Констанца. Маринците минуваат низ терапија кај психолози за да се соземат после доживеаниот стрес.
Рапорт за напуштање на воената служба поднеле 27 членови на екипажот. Тој потег го објасниле со нежелбата да го изложат својот живот на опасност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче