Русија ќе испорача на Бангладеш пет воени хеликоптери Ми-171Ш

Русија и Бангладеш склучија договор за испорака на пет транспортно-воени хеликоптери Ми-171Ш, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на шефот на делегацијата на „Рособоронекспорт“, Николај Демидјук.

Русија и Бангладеш склучија договор за испорака на пет транспортно-воени хеликоптери Ми-171Ш, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на шефот на делегацијата на „Рособоронекспорт“, Николај Демидјук.

„Денес ќе извршиме презентација на Ми-171Ш за малезиската страна. Неодамна ние потпишавме договор за пет вакви хеликоптери наменети за Бангладеш“, соопшти Демидјук.

Тој, исто така, забележа дека Бангладеш ќе ги добие хеликоптерите во рамките на рускиот кредит од една милијарда долари за купување на оружје.

„Во средината на јануари дадовме кредит на Бангладеш и веднаш почнавме да работиме во правец на одбраната“, додаде Демидјук. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.