Западни медиуми: Западот сѐ уште ја нема одгатнато стратегијата на Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, како и претходно го тера Западот да ја одгатнува неговата стратегија, пишува The Washington Times.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, како и претходно го тера Западот да ја одгатнува неговата стратегија, пишува The Washington Times. Како што забележува весникот, на фонот на кризата во Украина, американските аналитичари признаваат дека често немаат никаква претстава за тоа што планира рускиот лидер. Според зборовите на еден од експертите, „ние дури не знаеме каква игра игра, не ни е позната неговата стратегија“.

Весникот, исто така, забележува дека, според мислењето на руските политиколози, Путин има не стратегија, туку мисија „да ја спаси Русија и Русите“.

Од својата страна, пак, The Washington Post си поставува прашање уште колку дејства треба да направи Русија за да се предизвика посилна реакција од Западот на тоа што се случува на истокот во Украина. Весникот сметам дека Вашингтон треба побрзо да донесе мерки против Русија.

The Guardian забележува дека во судирот меѓу Русија и Западот се игнорираат интересите на Украина. Било каков пат да изберат Брисел и Вашингтон, тие треба да запомнат дека повеќето жители во државата не се екстремисти, се кажува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.