Уште 16 школско-борбени авиони Јак-130 ќе бидат испорачани на Военото воздухопловство на Русија до крајот на годинава, изјави командантот на Военото воздухопловство на Русија, Виктор Бондарев.
„Испораката на авионите Јак-130 се одвива со доста забрзано темпо. Оваа година ќе добиеме уште 16 авиони за обука. Имаме кого да обучуваме, а имаме и на што“, изјави Бондарев.
Тој нагласи дека Военото воздухопловство вложува „огромен труд“ за да се популаризира летањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.