Сергеј Шојгу во претстави медалот „Михаил Калашников“

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу потпиша наредба за воведување на медалот „Михаил Калашников“, јавува РИА „Новости“.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу потпиша наредба за воведување на медалот „Михаил Калашников“, јавува РИА „Новости“.

Оваа воена награда се доделува на инженерите, конструкторите, воените лица и цивилите за достигнувања во областа на конструкторството, производството и претставувањето на нова воена техника.

Во прилог со наредбата е опишан и изгледот на медалот. Пречникот на медалот ќе биде 32 мм и ќе биде изработен од сребрест метал. На предната страна на медалот ќе биде ликот на конструкторот, од десно натписот „Михаил Калашников“, а под портретот, приказ на автоматот АК-47. На задната страна на медалот ќе се наоѓа релјефен амблем на Министерството за одбрана на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња