Руски бомбардер Су-24 неколку пати прелета во непосредна близина на разурнувачот на американската Воена морнарица „Доналд Кук“, кој е во водите на Црното море од 12 април, изјави портпарол на Пентагон.
Според неговите зборови, авионот на мала висина 12 пати му се приближил на „Доналд Кук“ додека се наоѓал во северниот дел на Црното море. Во моментов разурнувачот се наоѓа во романското пристаниште Констанца.
„Спомнатите провокации и непрофесионални дејства на руските војници ги кршат како нивните сопствени закони, така и законите на нашите вооружени сили“, изјави портпаролот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче