Москва меѓу најдобрите градови за живеење во светот

Главниот град на Русија го зазеде 37-то место на листата од 50 најдобри градови во светот за живот, покажа истражувањето на меѓународната компанија Grosvenor.

Главниот град на Русија го зазеде 37-то место на листата од 50 најдобри градови во светот за живот, покажа истражувањето на меѓународната компанија Grosvenor.

Главен критериум за рангирање се климата, состојбата на животната средина, политиката на локалните власти, урбанизмот, растот на населението и природните ресурси.

Во победничката тројка се најдоа канадските градови Торонто, Ванкувер и Калгари. Американскиот град Чикаго се најде на четвртото место.

Во првата десетка се најдоа и Питсбург, Стокхолм, Бостон, Цирих, Вашингтон и Атланта. Листата ја затворија Дакар, Џакарта, Каиро, Манила и Мумбај. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња