В.д. претседателот на Украина, Александар Турчинов, именуван од Врховната рада, предложи во разговор со генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, заедничка операција со мировни сили од ООН против проруските активисти на истокот на земјата, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на партијата „Баткившчина“.
„Ние немаме ништо против и поддржуваме со вашата помош да биде изведена една заедничка антитерористичка акција на истокот на земјата. Тогаш експертите и посматрачите лично ќе можат да посведочат дека нашите акции се легитимни и оправдани“, изјави Турчинов.
„Сакам да ја изразам својата целосна поддршка вам и на народот на Украина. Можете во целост да сметате на ООН како партнер. Ќе направам сѐ за да се реши ситуацијата на мирен начин“, одговори Бан Ки Мун.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче