Во Москва се одржа марш за слободата на говорот

На маршот во центарот на рускиот главен град, кој беше одржан за поддршка на слободните медиуми, се собраа околу четири илјади лица. На сцената пред насобраните излегоа не политичари, туку културни дејци.

Настапи познатата актерка Лија Ахеџакова и писателот Дмитриј Биков, актерите Алексеј Девотченко и Александар Филипенко, пееше музичарот Алексеј Кортнев. Ораторите зборуваа за тоа дека новинарството во државата се претворило во инструмент на пропагандата, а биле наведувани и примери од германската пропаганда во периодот на втората светска војна. Организаторите врачија антипремија за искривување на значењето информациите, фабрикација на фактите.

Антинаградата ја добија новинарите Владимир Соловјов и Аркадиј Мамонтов, Екатерина Андреева и Дмитриј Кисељов, како и шефот на горниот дом на парламентот, Валентина Матвиенко.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња