САД ја објаснија суштината на санкциите кои вчера се воведени против кримската компанија „Черномонефтегас“, како и против низ челни лица на Крим. Тие имаат за цел да го спречат „Гаспром“ и неговата дејност на полуостровот, пренесуваат руските медиуми.
„Никој нема неказнето да помине ако инвестира на Крим“, изјави претставник на администрацијата на САД.
Тој изјави дека санкциите ќе се префрлат и на „Гаспром“ доколку тој откупи дел од „Черноморнефтегас“. САД не купуваат руски гас, но „Гаспром“ може да се соочи со сериозни проблеми за време на девизните пресметки со увозниците. Воедно, за време на трансакциите, често се работи и со американски компании.
„Гаспром“ претходно изјави дека планира изградба на подводен гасовод до Крим, како и учество на тендерот за приватизација на локалните енергетски компании.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче