Москва ги смета за русофопски изјавите на генералниот секретар на НАТО

Москва ги смета за неодговорни и русофопски изјавите на генералниот секретар на НАТО, кој ја префрли на Русија одговорноста за заострување на украинската криза, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на високопоставен извор во Москва.

Москва ги смета за неодговорни и русофопски изјавите на генералниот секретар на НАТО, кој ја префрли на Русија одговорноста за заострување на украинската криза, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на високопоставен извор во Москва.

„Генералниот секретар на НАТО продолжува да настапува во неодговорни јавни изјави за Русија. Во текот на посетата во Чешка на 10 април, Андерс Фог Расмусен повторно се обиде да ја префрли врз нас одговорноста за заострување на кризата во Украина. Притоа, тој не се ограничуваше посебно во изборот на зборови, кои беа далеку од дипломатскиот речник, и дури доаѓаа до 'економска и политичка изолација на Русија'“, изјави извор за агенцијата.

„Таквите провокации тешко дека одговараат за човек кој уште од почетокот на својата кариера како генерален секретар на НАТО, се заложи за развој на односите со Русија како еден од неговите приоритети. Патем, симната е маската негова дека е конструктивен политичар. Се гледа дека Расмусен, кој уште малку ќе биде на функцијата која ја врши, повеќе се грижи за неговата идна политичка кариера. Одовде и русофопските изјави“, изјави изворот.

На 10 април генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека Русија треба да ги тргне своите војски од границата со Украина ако сака да го продолжи дијалогот околу ситуацијата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња