Мексико сака соработка со Русија во областа на истражувањето на вселената

Мексиканската вселенска агенција (МКА) планира да потпише договор со Русија за соработка во областа на мирното истражување на вселената пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на генералниот директор на МКА, Франсиско Хавјера Мендиета.

„Веќе потпишавме неколку договори за соработка во сферата на мирното истражување на вселената со САД, Велика Британија, Италија и Германија“, изјави Мендиета.

Како што забележа тој, 'наскоро сличен договор на меѓувладино ниво ќе биде потпишан со Русија, што е многу важно за обете страни“.

„Веќе е подготвена техничката база за потпишување на тој документ, и сега тој се наоѓа во рацете на дипломатите“, додаде шефот на МКА.

„Сосема сум уверен дека наскоро Мексико ќе има нов космонаут“, подвлече Мендиета. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.