Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, го предупреди Џон Кери дека во случај да се протераат протестирачите на југоистокот на Украина, перспективата за соработка околу Украина ќе биде изгубена.
„Во случај да се материјализираат заканите од Киев за употреба на сила против доведените до очај жители на југоистокот, перспективата за понатамошни преговори и соработка за решавање на украинското прашање ќе биде изгубена, вклучувајќи ја и средбата меѓу Русија, Украина, САД и ЕУ во Женева“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче