Проектот на заедничкиот одговор на писмото на претседателот на Русија, Владимир Путин, во врска со ситуацијата и долгот на Украина за гасот, ќе биде подготвен во понеделник на 14 април. Ова го пренесува РИА „Новости“. повикувајќи се на шефот на МНР на Полска, Радослав Сикорски.
Тој забележа дека пораката се подготвува по барање на шефот на Еврокомисијата, Жозе Мануел Баросо, и најверојатно истата ќе биде предадена лично од него на Путин. Според мислењето на полскиот министер, треба да се усогласи „праведна“ цена за гасот, како и услови за транзит на рускиот гас преку Украина во државите од ЕУ.
Претходно беше соопштено дека претседателот на Русија испратил на 18 лидери на европски држави писмо во кои е опишана ситуацијата „која се создава на фонот на сѐ поголемата задолженост на Украина од испорачаниот гас, како и за можните последици за транзитот на гасот во Европа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче