САД започнаа „лов“ на руски државјани во земјите од третиот свет

Опасноста од приведување или апсење на руски граѓани по барање на правосудните органи на САД пораснаа откако САД воведоа антируски санкции, се наведува во соопштение, објавено на интернет-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Се работи на тоа американската администрација, која одбива да го признае приклучувањето на Крим во составот на Русија, да направи рутинска пракса од „ловот“ на руски државјани во земјите од третиот свет, со цел понатаму да се екстрадираат во САД, се наведува во соопштението.

МНР на Русија, исто така, им препорача на граѓаните на Русија да се воздржат од патувања во земјите кои со САД склучиле договор за заемно испорачување, доколку се сомневаат дека американските правосудни органи би можеле да имаат обвинувања кон нив. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.