Министрите за финансии на Русија и САД не успеаја да ги приближат и усогласат позициите за можните нови санкции против Русија, изјави Антон Силуанов, министер за финансии на Русија, а пренесува РИА „Новости“
„Имаше разговор, за време на кој стана збор за нови санкции против Русија во случај да ескалира повторно ситуациајта во Украина. Од своја страна, јас реков дека било кои санкции противречат на задачите кои ги разгледуваме, вклучувајќи ги и тие во рамките на Г-20“, изјави Силуанов, коментирајќи ја билатералната средба со својот американски колега.
„Ние останавме на своите позиции“, изјави Силуанов.
Шефот на Министерството за финансии на Русија подвлече дека „било кои ограничувања во трговијата“ се минува во целта за понатамошен раст и развој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче