Гугл го прикажа Крим во составот на Русија

Популарниот интернет-пребарувач „Гугл“ ја обнови својата карта на maps.google.ru, на која отсега Република Крим е прикажана како територија на Руската Федерација.

Популарниот интернет-пребарувач „Гугл“ ја обнови својата карта на maps.google.ru, на која отсега Република Крим е прикажана како територија на Руската Федерација.

На картата е прикажана границата меѓу Крим и Украина, додека границата меѓу Крим и Русија повеќе не постои. На maps.google.ru линијата е полна, а на maps.google.com - со контури.

Крим од 24 март е прикажан како територија на Русија на интернет-страницата на Кремљ. Крим и Севастопољ, исто така, се означени како руски територии и на картите на Горниот дом на парламентот на Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња