Во Подмосковје во наредните 10 години ќе биде изграден првиот тематски парк на светските религии во Русија, соопшти вчера претставник на компанијата Crystal Protection.
„Овој парк нема да изгледа како Дизниленд и Универзал, туку ќе има голема просветителска активност. Во огромните згради со висина од 180 метри, а кои ќе симболизираат зрно од кое расте дрвото на животот, ќе се наоѓаат конгресни сали, Музеј на историјата на религиите, Дом на народите на Русија, електронски библиотеки, интерактивни комплекси за флора и фауна“, изјави тој.
Територијата на паркот изнесува 250 хектари. Ова може да биде најголем парк од овој вид во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче