Русија засега нема да бара враќање на вкупниот долг од Украина (35,4 милијарди долари), за кој претседателот Путин спомна во писмото до лидерите на европските држави, изјави портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков во везникот „Комерсант“.
„Сумата е илустрација на противречноста на ситуацијата“, појасни Песков за весникот, додавајќи дека Русија засега нема намери да ги бара назад 35-те милијарди долари.
Песков, исто така, уточни дека во писмото на Путин пишува за преговорите со неколку европски држави, а не со нивниот претставник на чело со Еврокомисијата.
„Бидејќи секоја од тие држави купува гас, секој од нив е учесник во преговорите. Невозможно е да се преговара само со Еврокомисијат,а бидејќи таа не е купувач“, појасни Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче