Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека деескалацијата на кризата во Украина е можна, но сепак, треба да се прекине со обидите да се легитимизира владата во Киев, пренесува РИА „Новости“.
„Сметаме дека деескалацијата на украинската криза е можна, но за да се оствари тоа, треба да се прекине со употреба на застарени факти, како и да се прекине со обидите на било кој начин да се легитимизира „мајданската влада“, изјави шефот на МНР на Русија.
Лавров забележа дека клучно прашање овде е остварувањето на реални реформи, кои ќе обезбедат почитување на законските права и интереси на сите, без исклучок.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче