Западни медиуми: Сите се восхитуваат од Путин поради нерешителниот Запад

Претседателот на Русија, Владимир Путин, е објект на восхит поради премногу нерешителниот Запад, се кажува во статија на The Wall Street Journal. Се забележува дека во последно време во САД и Европа може да се слушне вакво мислење: „Јас не ги поддржува акциите на Путин на Крим и во Украина, но, сепак, тој е многу решителен човек“. Други сметаат дека приклучувањето на Крим кон Русија „е разбирливо“.

Ваквите мислења и позиции се опасни, смета авторот на статијата. Според неговото мислење, станува збор „за познат политички вирус“, со кој јавноста се „заразува“ поради украинската криза. Тој вирус се појавува, се чини, кога демократиите стануваат премногу неорганизирани или слаби за носење решенија, се кажува во статијата.

Авторот, исто така, посветува внимание и на тоа дека западните држави се премногу слаби на воен план, премногу егоистични на економски план и премногу политички дезорганизирани за да се спротивстават на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.