Заканите од санкции кон Москва нема да ја променат нејзината политика, како што тоа би го сакале западните држави, изјави првиот вицепремиер на Русија, Игор Шувалов. Неговите зборови ги пренесува РИА „Новости“.
„Со никакви санкции Русија не може да се натера да постапува на одреден начин. Колку повеќе повици за санкции ќе има, толку помобилизирано ќе биде руското општество, и ние ќе бараме најразлични начини за да ги надминеме тешкотиите“, изјави Шувалов.
Освен тоа, Русија нема план да воведува реципроцитетни економски санкции против Западот. „Ние никакви санкции нема да воведуваме. Ако некого тоа го плаши, нека знаат дека нема такво нешто да на правиме“, изјави Шувалов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче