Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ) во четвртокот го поддржа усвојувањето на амандманот на резолуцијата за одземање на правото на глас од руската делегација, како и за учество во управните органи на ПАСЕ до крајот на годината поради приклучувањето на Крим кон Руската Федерација, пренесува РИА „Новости“.
„Поради тоа, со цел да се осуди постапката на РФ кон Украина, ПАСЕ усвојува одлука да ги укине следните права на делегацијата на Руската Федерација: право на гласање, право на застапување во Собранието, претседателскиот комитет, постојаниот комитет, право на учество во надгледувачките мисии на изборите“, се наведува во резолуцијата, усвоена со мнозинство гласови.
Во текот на дискусијата ПАСЕ не поддржа четири радикални амандмани, со кои се бараше целосно одземање на овластувањата на руската делегација во Собранието. Сепак, ПАСЕ ја исклучи руската делегација од своите управни органи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче