Договорот на „Гаспром“ за испорака на гас во Кина ќе биде потпишан во мај

Руската и кинеската страна активно соработуваат околу потпишувањето на договорот за испорака на гас во Кина, соопштува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот Аркадиј Дворкович, по средбата со претседателот на руско-кинеската комисија за енергетска соработка.

Потпишувањето на договорот ќе се случи уште во мај годинава. „Се надеваме дека во мај ќе успееме да го потпишеме договорот. Како и да е, сметаме дека до крајот на годината договорот треба да стапи на сила“, изјави Дворкович.

Според неговите зборови, „единствено прашање за кое треба да се разговара посериозно - е цената на гасот“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.