Повеќе од 45% од Русите сметаат дека Русија е лидер во освојувањето на вселената. За ова сведочат податоците добиени од анкетата на „Левада-центар“.
Лидер во вселената за 46% од Русите е нивната земја, 21% сметаат дека е САД, а 11% - Кина. 3% одговориле дека лидер во освојувањето на вселената е Европската унија.
42% од анкетираните сметаат дека Русија треба да ги прошири програмите за освојување на вселената. Исто толкав процент Руси сметаат дека сегашните програми се задоволителни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче