Жителите на Крим кои не сакаат да добијат руски пасош, односно државјанство на Руската Федерација, треба да напишат соодветна изјава до 18 април, соопштува „Интерфакс“.
Изјавата ја даде во понеделникот началникот на управата на ФМС, Фјодор Карповец.
Според неговите зборови, Русија добила околу 300 барања од жители на Крим кои сакаат да го задржат украинското државјанство.
Тие кои се откажуваат од државјанството на Русија, можат да добијат дозвола на престој на полуостровот и да се наоѓаат на него неограничено време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче