Западни медиуми: Западот е обеспокоен од следните чекори на Русија

Западните држави се обеспокоени поради следните чекори на Русија околу ситуацијата на истокот на Украина, пишува The Washington Post.

Западните држави се обеспокоени поради следните чекори на Русија околу ситуацијата на истокот на Украина, пишува The Washington Post. Според мислењето на весникот, засилувањето на напрегнатата ситуација во Донецк и неколку други украински региони било „ненадејно“, и предизвикало страв дека Москва наскоро ќе се обиде да го повтори својот претходен успех со приклучување на нови територии.

The Wall Street Journal, исто така, забележува дека сценариото на последните случувања во Украина напомнува на она што се случи со Крим. Ако протестите продолжат, тоа ќе ги усложни плановите на Киев да одржи претседателски избори на 25 мај.

Слично мислење има и The Los Angeles Times, кој пишува дека случките во Донецк, Луганск и Харков се рефлексија на она што се случи со Крим. Освен тоа, весникот ги наведува и мислењата на експертите, според кои САД, ЕУ и НАТО се наоѓаат во фаза на „бавно реагирање на кризата која никој не успеа да ја предвиди“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.