Крим веќе доби предлози од потенцијалните инвеститори со сума која надминува 1 милијарда долари, што е речиси двојно повеќе од тековниот буџет на полуостровот, соопштува ИТАР-ТАСС.
Изјавата за инвестициите ја даде премиерот на републиката, Сергеј Аксјонов.
„Веќе имаме предлози за инвестиции на сума која надминува милијарда долари“, изјави тој. Аксјонов, исто така, подвлече дека тој показател е речиси два пати поголем од буџетот на Крим.
Според зборовите на премиерот, Крим располага со голем број на понуди за инвестиции во земјоделието, туризмот и недвижноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче