Кината во Украина ги откажуваат прикажувањата на руските филмови

Кината и дистрибутерите во Украина се откажуваат од прикажување на руски филмови. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштение од компанијата „Централ Партнершип“.

Кината и дистрибутерите во Украина се откажуваат од прикажување на руски филмови. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштение од компанијата „Централ Партнершип“.

„На пример, еден од најголемите украински филмски дистрибутери, компанијата „Интер-Филм“, само што им соопшти на своите партнери во Русија дека нема да пушти на украинскиот пазар три руски филма за кои веќе постојат договори“, се кажува во соопштението од компанијата.

Исто така, генералниот директор на „Интер-Филм“ изјави дека решението да не се пуштаат во кината и пазарот овие филмови е поврзано со политичката ситуацијата во државата, но и поради „морални и етички причини“.

Според изјавата од „Централ Партнершип“, во руските филмови кои нема да го најдат своето место во кината во Украина се раскажува за руските морнари и војници, а во еден од нив главен лик е и претседателот на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња