Претседателот на Приднестровје ѝ предложи на Молдавија „цивилизирано разединување“

Приднестровје и Молдавија треба „цивилизирано да се разединат“, бидејќи Приднестровје посакува да живее со Русија.

Приднестровје и Молдавија треба „цивилизирано да се разединат“, бидејќи Приднестровје посакува да живее со Русија, изјави лидерот на непризнатата република, Евгениј Шевчук, обраќајќи се на приднестровскиот народ по повод наглото заострување на ситауциајта во Украина.

Тој истакна дека ваквата варијанта за секого ќе создаде услови „да оди по својот пат, што е најправедно“, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Раководството на Молдавија може да донесе одлука да си го следи својот пат: во Европската унија, НАТО или Романија“, прецизираше Шевчук.

Според неговото мислење, од таквата одлука сите ќе имаат корист, вклучувајќи ги и жителите на Приднестровје, кои веќе се „уморни од борбата за гол опстанок“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.