Прекина со работа компанијата „Марусја моторс“, која се занимаваше со конструирање и производство на „првиот руски суперкар“, јавуваат руските медиуми.
„Концептот, создаден од тим од компанијата Марусја, не е можно да се реализира во сериско производство“, изјави еден од нејзините поранешни работници. Прекинато е производството, а стечајната комисија ги продава активите.
Според зборовите на еден од менаџерите на компанијата, приватните инвеститори во проектот вложиле 100 милиони евра, а досега се произведени неколку десетици автомобили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче