НАТО апелираше на Русија да не се меша во ситуацијата на истокот на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ѝ апелираше на Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата на истокот на Украина, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ѝ апелираше на Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата на истокот на Украина, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

„Многу сме загрижени поради случувањата во источна Украина. Апелирам на Русија да не се меша“, изјави Фог Расмусен.

„Било какво движење на воените сили во источна Украина нема да доведе до смирување на ситуацијата, кон што сите ние тежнееме, туку ќе предизвика сериозна ескалација на судирите“, нагласи генералниот секретар на НАТО.

„Ја повикувам Русија да ги повлече своите војници стационирани на границата со Украина и да ги почитува своите меѓународни обврски“, додаде Фог Расмусен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња