Медиуми: ЕУ се заканува со прекин на изградбата на „Јужен тек“

Европската унија би можела да донесе одлука за замрзнување на плановите за завршеток на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ по дното на Црното море, чија вредност е проценета на 50 милијарди долари, пренесуваат руските медиуми.

Прекинот на изградбата би можела да биде првата сериозна „казна“ за Русија од страна на ЕУ поради Крим.

Информацијата за овие планови на ЕУ се дозна за време на состанокот со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо со бугарските политчари. Баросо, наводно, бара од Бугарија да не се спротивставува на новата политика на ЕУ кон овој проект.

Сепак, според официјалните планови, изградбата на „Јужен тек“ е уште во тек. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија