Анкета: Американците кои не знаат географија поддржуваат мешање во кризата во Украина

Според резултатите од анкетата, спроведена од американскиот истражувачки институт SSI, американските државјани кои најслабо ја познаваат географијата, најактивно се залагаат за воена интервенција на Вашингтон во ситуацијата во Украина, пишува "Washington Post".

Според податоците на овој весник, од учесниците на анкетата било побарано да ја одредат положбата на Украина на картата на светот. Резултатите покажаа дека само еден од шест анкетирани точно одредил каде се наоѓа Украина. Според мислењето на некои анкетирани, Украина би можела да биде недалеку д Португалија, Судан, Казахстан или Финска, пренесува РИА „Новости“.

Резултатите на анкетата покажаа уште една тенденција: колку Украина е подалеку од својата реална местолокација, толку повеќе нивната поддршка за воена интервенција од страна на САД е поцврста.

Во истражувањето учествувале 2066 граѓани на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.