Западни медиуми: Русија и Украина се блиску до нова „гасна војна“

Претходниот викенд Русија и Украина се приближија до нова „гасна војна“, пишува The Guardian. Претходно беше соопштено дека „Гаспром“ ја зголемил цената на гасот до 485 долари за 1.000 кубни метри гас. Киев тоа го нарече „политичка саботажа“ и изјави дека има план да ја тужи Русија во Стокхолм.

Спорот околу гасот меѓу Москва и Киев се случува на фонот на акциите на истокот на Украина, забележува весникот. Цените одамна се проблем за руско-украинските односи, и Европа го обвинуваше Кремљ за користење на енергенсите како политичко оружје, се кажува во статијата.

Новиот можен судир во овој конфликт ќе доведе до нестабилна состојба на пазарите, иако потенцијалните последици за европските држави ќе бидат помалку тешки од порано, смета весникот. Зимската сезона помина, и „Гаспром“ нема да сака да си го наруши имиџот на сигурен испорачувач. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.