В.д. претседателот на Украина, Александар Турчинов, смета дека Русија се обидува да реализира „кримско сценарио“, додека ситуацијата на истокот на Украина и понатаму се заострува, пренесува РИА „Новости“.
„Вчера започна вториот бран на специјални операции на Руската Федерација против Украина, кои имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата во државата, да се сруши украинската власт, да се спречат изборите и да се спречи распарчување на нашата земја“, изјави Турчинов.
Турчинов смета дека заземањето на зградата на административната управа во Харков, Донецк и Луганск е дело на „сепаратистички групи кои се под координација на руските специјални служби“.
„Сето тоа се случува со присуство на руската војска на нашите граници“, истакна Турчинов.
В.д. претседателот на Украина демонстрантите во источните градови на земјата ги нарече терористи и дека се подготвува да примени против нив антитерористички мерки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче