Самопрогласената Република Донецк побара од Русија да прати воени трупи

Пратениците на Регионалниот совет на Донецк и приврзаниците за федерализација на Украина објавија создавање на Народна република Донецк.

Пратениците на Регионалниот совет на Донецк и приврзаниците за федерализација на Украина објавија создавање на Народна република Донецк. Тие се обратија до претседателот на Русија, Владимир Путин, со молба да се заштита и праќање на привремен мировен контингент во регионот, пренесува „Гласот на Русија“.

„Само во Русија гледаме заштитник на рускиот свет. Подготвени сме да се бориме за нашите верувања. Но ако бидеме сами, без Русија, нема да ни биде лесно“, изјави еден од говорниците. Сите присутни го прифатија обраќањето до Владимир Путин со овации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња