Русија ќе ја прати војската во Украина само со дозвола на Советот за безбедност на ООН

Руските миротворци можат да стапат на територијата на друга држава само по барање на локалните власти. Тоа е можно само во рамките на постојните меѓународни норми. Ова го пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на шефот на комитетот за одбрана и безбедност во Советот на Федерацијата, Виктор Озеров.

„Русија нема право еднострано да го направи тоа. Сосема друго е ако се донесе соодветно решение од Советот за безбедност во ООН за праќање на миротворци - тогаш Русија, како постојан член на Советот за безбедност , може да прати миротворен контингент за обезбедување на безбедноста во еден или друг регион“, појасни Озеров.

Според неговите зборови, решението за праќање на армијата во Украина било направено според договорите за Црноморската флота за засилување на одбраната на руските бази. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња