Уште е рано да се разгледува прашањето за членство на Украина во НАТО, бидејќи оваа земја не ги исполнува условите на Алијансата, смета министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лаен, а пренесува РИА „Новости“.
Министерката додаде дека економијата на Украина има сериозни проблеми. „Земјата се бори против корупција и ѝ претстои процес на воспоставување на демократска државност“, истакна таа, додавајќи дека Германија сака да ѝ помогне на Украина во тој процес.
Фон дер Лаен, исто така, го опфати и прашањето за односите меѓу Германија и Русија. Според нејзините зборови, овие односи се нарушени поради ситуацијата во Украина, и ќе биде потребно доста време повторно да се воспостави некогашното ниво на доверба. Таа смета дека предуслов за тоа е залагањето на Русија во правец на смирување на ситуацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче