Microsoft Research и Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ потпишаа тригодишен договор за соработка во сферата на најновите IT технологии, се пренесува во пораката за медиумите, а пренесува „Газета.ру“. Инвестицијата изнесува 1 милион долари.
Во рамките на соработката ќе биде создадена лабораторија „Компјутерска графика и мултимедија“, чија работа ќе биде насочена кон развој визуелизацијата на податоците.
Microsoft и МГУ соработуваат речиси 20 години, а за тоа време повеќе од 10 илјади млади руски истражувачи учествувале во организираните проекти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.