Државниот секретар на САД, Џон Кери, за време на телефонскиот разговор со шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, предложи да се извршат преговори со учество на Русија, Украина, САД и ЕУ, пренесува Ројтерс.
Соодветната изјава ја даде претставникот во Стејт департментот, Џен Псаки.
„Тие разговараа за одржување на преговори во следните 10 дена меѓу Украина, Русија, САД и ЕУ за да се обидат да ја решат ситуацијата во Украина“, забележа таа.
Одговарајќи на прашањето дали ќе се одржи таа средба, или само станува збор за можност за одржување на преговори, Псака изјави: „Ќе се одржи“.
МНР на Русија засега не дава коментари за можните преговори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.